Украинскиот пратеник Алексеј Гончаренко му се заканил на српскиот претседател Александар Вучиќ „да се подготви да побегне во Русија“.
„За секој случај земете билет за Ростов. Можеби наскоро ќе ви се најде“, му препорача Гончаренко на Вучиќ на социјалнатамрежа Телеграм, пренесува „Новости“.
Необичната закана од Украина пристигнала пред два дена на адреса на претседателот на Србија.
„Украина, заедно со Хрватска, ќе му се одмаздат на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, за неговите изјави за специјалната операција“, напиша пратеникот на Врховната рада на Украина, Алексеј Гончаренко.
Вучиќ вчера кусо ја прокоментира заканата.
„На украинскиот народ му посакувам се најдобро, а Хрватите треба да се грижат за својата работа“, рече тој.






