Портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова се закани дека Русија дипломатски ќе се одмазди за протерувањето на нова група руски дипломати од Скопје
,,На 15 април, шест дипломати на руската амбасада (@Russian_Emb_MKD) беа прогласени за „персона нон грата“.
Северномакедонските власти продолжуваат да го следат примерот на Западот, кој е во русофобно лудило. Целосната одговорност е на Скопје. Реакцијата ќе следи”, напиша Захарова.
Засега не е јасно што може да стори Русија како одговор со оглед на тоа што во Москва Макеоднија имаше само еден дипломат.
Во својот твит Москва објавува фотографија со мапа на која Македонија е означена без се една а во пораката благите во Скопје се нарекуваат ,, Северномакедонски”.






