Бугарската фондација Македонија која е поддржана од државни структури во Софија се заканува дека Република Македонија нема да стане членка на ЕУ додека го слави „11 Октомври“ како официјален празник!
Фондацијата која е поддржана од моќни фигури во Софија најавува дека мешовитата историска комисија ќе ја укине на прославата на 11 Октомври кога во Прилеп и Куманово беа нападнати бугарските полициски станици.
,,Комисијата за историја ќе стигне до овој период и ќе покаже дека 11 Октомври е криминално дело на 20 лица, чија жртва беше внукот на Дамјан Груев – Петар Дамев! Срамота и гнасотија е 80 години да се лаже цело општество, дека криминалното дејствие на 20 луѓе е „манифестација“ на „македонската волја за слобода“… Срам кој наскоро ќе биде ставен на крај!”, објавува фондацијата која е експонент на бугарската официјална политика во Македонија.
,,На фотографијата е зградата на бугарската полиција во Прилеп, која денешните власти внимателно ја одржуваат за да влеат омраза кон се што е бугарско кај децата од Северна Македонија. И ќе ставиме крај на ова!”, објавува фондацијата која и покрај антомакеиснките активности слободно работи на територија на Македонија без да биде избркана од властите на СДСМ и ДУИ.
Колку е важна оваа фондација во обидот на Бугарија да влијае на состојбите во Македонија се гледа и од насловната фотографија на овој текст која е снимена од членови на фондацијата од балконот на клубот Цар Борис Трети во Охрид.







