Рускиот претседател Владимир Путин предупреди Запад да неѝ испорачува на Украина ракетни системи со долг дострел, велејќи дека т
Во телевизиско интервју, тој рече дека Москва ќе гаѓа цели какви „сè уште не сме гаѓале“ ако Западот продолжи со такви испораки.
„Сета оваа врева околу дополнителните испораки на оружје, според мое мислење, има само една цел: да се одолговлекува вооружениот конфликт што е можно повеќе“, рече Путин, алудирајќи на плановите на САД да ѝ достават на Украина повеќе ракетни системи за лансирање.
Ако Киев добие ракети со поголем дострел, додаде тој, Москва „ќе извлече соодветни заклучоци и ќе ги искористи нашите средства за уништување, кои ги имаме многу, за да ги нападне оние објекти што сè уште не сме ги погодиле“.







