Пламена Зајачка, претседател на „АБВ-Младежи“ од Софија и експерт во областа на културно-историското наследство во интервју за новинската агенција ФОКУС вели дека името Северна Македонија дава основи за територијални претензии кон Бугарија.
„Се спротивставуваме, во името на Македонија, да има географски поим бидејќи може да предизвика незадоволство кај бугарските граѓани.
Дел од северна Македонија е Пиринска, која го вклучува целиот регион на Благоевград“ вели Зајачка.
„Нашите западни соседи поради грчкиот притисок почнуваат да се оддалечуваат од античко време, како што е според договорот, но тие остануваат во заедничката историја со Бугарија.
Ова е доказ дека од сега па натаму ќе мораме да се бориме за нашето наследство од Самоил наваму и ќе мора да ја браниме нашата историја. Тој дел од бугарските земји е во нашата вековна историја од основањето на бугарската држава во 7 век.
Таму беа најтешките војни со Византија, за зачувување на независноста на бугарската држава“, вели Зајачка.
Според неа, „тие земји се поврзани со Бугарите, тие се дел од најсветлите страници од нашата историја: Климент и Наум, Самуил и неговите потомци, браќата Миладинови, учесниците во Илинденското востание.
Важно е да се разјасни историското наследство на македонските земји. Тоа е важно за идентитетот на Македонија, но тој не може да се гради врз историјата и културното наследство на бугарската нација и локалното бугарско население“ вели Зајака во интервјуто за агенцијата Фокус.
Таа вели дека „ние секогаш ја поддржувавме нивната кандидатура во НАТО и во ЕУ, но тоа не треба да биде на сметка на Бугарија“
За тоа штомисли за името Севернас Македонија, Пламена Зајачка потсетува на една изјава на Борјко Борисов од 2012 година кога рекол дека „ опцијата Северна Македонија е апсолутно неприфатлива и посочи дека тоа е предуслов за територијални претензии“.




