Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова со шокантно тврдење:
„Украина повеќе не постои во границите што ги знаевме. И нема. Тоа е очигледно“, рече Захарова во интервју за Sky News Arabia.
И рускиот претседател Владимир Путин вчера на пленарната седница на Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург зборуваше за историјата на таа земја и за „правото“ на Русија за исправање на историската „неправда“.
„Тие велат дека ги враќаме нашите територии. Па, историски, да, се разбира“.
Тој тврди дека западните делови на Украина се „наследени“ по Втората светска војна.
„Сталин зеде територија од Унгарија, Романија и Полска и ја даде на Украина, наградувајќи ја истата Полска со источните региони на Германија“, рече тој.
Путин, исто така, тврди дека Донбас требало прво да ѝ припадне на РСФСР, но дека Ленин барал „повторно да се донесе одлуката“ и да се предаде територијата на Украина, за да се зголеми процентот на пролетерското население во таа советска република.







