Захарова: Само луѓе без морал можат да најавуваат дека Русија ќе ја нападне Украина

Само луди луѓе без морал можат да претпостават дека Русија има намера да ја нападне Украина изјави портпаролката на руското МНР Марија Захарова.



Нејзините критики беа упатени на адреса на Белата куќа и Даунинг стрит.

Според Захарова, Москва е обвинета само за преместување на војници низ сопствената територија.

Захарова ги обвини САД дека смислуваат сценарија околу Украина за да ја принудат Германија да се откаже од гасоводот Северен тек 2, кој носи руски гас во Западна Европа.