Портпаролка на руското Министерство за надворешни работи, објави дека земјите од Европската унија ќе мора да се соочат со вистината и ќер мора да признаат дека нивните сојузници ги предале во врска со инцидентите околу Северниот тек.
Марија Захарова, ја коментираше изјавата на рускиот вицепремиер Александар Новак дека Русија е подготвена да испорача гас преку неоштетениот дел од гасоводот „Северен тек 2“, пишува руската прорежимска новинска агенција ТАСС.
„Потоа, дали некој ќе се осмели да каже дека нашата земја стои зад чинот на саботажа? Се согласувам дека е многу тешко да се дознае вистината.
Но, еден ден земјите од Европската унија ќе мора да го направат тоа и да признаат дека нивните сојузниците ги издадоа“, напиша таа. е Захарова на Телеграм.






