Захарова: Не е Русија таа што крева нова „железна завеса“

„Земјите околу Србија го затворија небото за авионот на Сергеј Лавров, затворајќи уште еден канал за комуникација“, изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова за забраната за рускиот министер за надворешни работи, кој требаше да ја посети Србија.



Според неа, Москва не е таа што ја крева новата железна завеса, туку дека Европа е таа што ја оградува Русија.

„Денеска, пред еден час, земјите што ја опкружуваат Србија го затворија каналот за комуникација, спречувајќи го прелетувањето на авионот на Сергеј Лавров, кој се подготвуваше за посета на Србија. Руската делегација требаше да пристигне во Белград на разговори. Земјите членки на ЕУ и НАТО го затворија воздушниот простор , затворија друг канал за комуникација“, изјави Захарова за италијанскиот телевизиски канал Ла7, пренесе руски Спутник.

„На крајот на краиштата, нема да има железни завеси од наша страна, не треба да се грижите. Европската унија е таа што ја оградува Русија. Вашите грешки се во тоа што сте премногу себични, што мислите дека сте во центарот на светот, дека освен вас нема други народи на светот. Немате морално право некого да учите нешто“, рече Захарова.