Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот помошник за национална безбедност Џејк Саливан и други официјални претставници на Вашингтон за наводните воени планови на Русија за Украина, рече дека тоа покажува интерес на САД за конфликтот.
„…На англосаксонците им е потребна војна. По секоја цена. Провокациите, дезинформациите и заканите се омилен метод за решавање на сопствените проблеми.
„Целиот свет гледа како се разоткриваат милитаризмот и империјалните амбиции“, изјави таа пренесоа медиуми.
САД ќе ја евакуираат амбасадата во Киев, бидејќи западните разузнавачи предупредуваат дека руската инвазија на Украина е сè понеизбежна. Американски официјални лица изјавија за АП дека Стејт департментот планира денеска (сабота) да објави дека од целиот американски персонал во амбасадата во Киев ќе се бара да ја напушти земјата пред застрашуваната руска инвазија.
Официјалните лица велат дека ограничен број американски дипломати може да бидат преместени на крајниот запад на Украина, во близина на границата со Полска, сојузник на НАТО, за да може САД да го задржат дипломатското присуство во земјата.
Русија би можела да изврши напад врз Украина веќе следната среда, 16 февруари, според угледниот германски Шпигел.






