Не бил добро протолкуван нејзиниот пост на Фејсбук, кој беше алузија на една сцена од фим со шерон Стун и српскиот претседател Александар Вучиќ кој седеше на мало столче пред Трамп во Белата куќа.
„Се извинувам, но мојот пост е погрешно протолкуван“, сподели таа на социјалните мрежи по критиките кои дојдоа од Србија. .
Захарова појасни дека таа сакала да изрази несогласување со, како што вели, „арогантниот став на исклучителните“.
„Триковите за протокол станаа еден од приодите што американските власти редовно ги користат за вештачки да создадат изглед на сопствената извонредност. И тоа е неприфатливо“, потенцира портпаролката.






