Москва е изненадена од изјавите на премиерот на Македонија, Зоран Заев, дека некои бизнисмени, симпатизери на Русија, финансираат антивладини протести во Македонија во врска со договорот со Грција за преименување на државата на Република Северна Македонија, изјави портпаролката на руското МНР, Марија Захарова.
Таа смета дека тоа се неосновани обвиненија против Москва.
„Очигледно сето тоа е потребно со една цел – пумпање на антируски хистерија“, истакна портпаролката, според која нема факти кои би можеле да ги потврдат овие зборови.
Марија Захарова рече дека владејачките партии во Македонија играат на антируски карта како метод за внатрешнополитичка борба и, за жал, за заплашување на македонски граѓани.






