По изјавата на Емануел Макрон дека сака да ја види Русија поразена, Москва го обвини францускиот претседател дека е – дволичен.
„Франција не започна со Макрон, а посмртните останки на Наполеон, почитувани на државно ниво, почиваат во центарот на Париз“ изјави портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова според која „Москва се уште се сеќава на Наполеон“ мислејќи на на неуспешниот освојувачки поход на францускиот император кој се обиде да ја покори Русија.
„Воглавно, Макрон е смешен“, рече таа, додавајќи дека неговите изјави покажуваат дека Западот разговарал за промена на режимот во Русија, додека самиот Макрон постојано барал средби со руското раководство.
Макрон ги повика сојузниците да ја засилат воената поддршка за Украина, но исто така рече дека не верува во промена на рускиот режим, но дека во одреден момент ќе мора да има преговори.
Макрон за Le Journal du Dimanche претхоидно изјави дека не гледа алтернатива за Путин, кој треба да биде доведен на преговарачка маса.
„Сите други опции освен Владимир Путин ми изгледаат полоши во моментов“, рече Макрон.






