Захарова го прашува Бајден!?

Претседателот на САД Џозеф Бајден е должен да одговори на прашањата дали САД на 25 и 26 септември ја реализираа својата закана за уништување на Северен тек и дали Вашингтон е вмешан во најновата хаварија на гасоводот“.



Прашањето поставено од портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова доаѓа по хавариите на на три траси на Северен тек и Северен тек 2 кои се се случија во понеделникот и кои прелиминарно се квалификуваат како напукнување на гасоводот со претпоставка дека настанале со експлозија“, објави на социјалните мрежи Захарова.

Преттекст на прашањето е наводно изјава на американскиот претседател од февруари годинава:

„Ако Русија ја нападне Украина, ако тенкови и војници ја преминат границата на Украина, тогаш повеќе нема да има Северен тек. Ќе завршиме со него. Ви ветувам, ние тоа го можеме“, кажа американскиот претседател на 7 февруари.

Захарова кажа дека изјавата на Бајден за намера е поткрепена со ветување.