Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека Запад продолжува да „пумпа“ оружје во Украина, вклучително и застарени модели од советско производство, кое чини помалку отколку нивното пренесување во Украина.
„Ова е толку страшна, цинична, криминална логика, зошто западните земји да трошат свои пари ако можеш да го спакуваш (старото оружје) и да го испратиш во Украина за воопшто да не заврши конфликтот и бројот на жртви да биде уште поголем“, изјавила Захарова пренесуваат медиуми.
„Добро беше смислено, но некој ќе мора подоцна да одговара“, предупреди Захарова.
Според неа, од почетокот на таканаречената „специјална операција“ на Русија во Украина, САД испорачале оружје на Киев во износ од 1,7 милијарди долари, а ЕУ во износ од 1,5 милијарди евра.
„Ова уште еднаш покажува дека Европската унија престана да биде чисто економско здружение и се развива брзо, прилично деградирачки, во “а воено-политички субјект“, вели портпаролката.







