Антибугарската кампања во с. Македонија во последните неколку дена беше испровоцирана од претстојните избори таму, изјави за Бугарската национална телевизија (БНТ) шпефицата на бугарската дипломатија Екатерина Захариева.



„Дел од причината за антибугарската реторика во Македонија е националистичкиот пристап, за кој тие сметаат дека сè уште функционира, а тоа е заради изборите во земјата. Но, кога се стремите да станете дел од европското семејство, ниту еден политичар не треба да размислува за тоа. Оваа реторика, насочена кон соседна, пријателска земја, е полна со лажни вести и говор на омраза …“ оценила Захариева како што пренесува „Сега“.

Според бугарската министерка, постои уште една причина зошто Македонците имаат ваков антибугарски говор – бевме категорични и јасни – минатата година парламентот ја одобри категоричната позиција на Бугарија во однос на с. Македонија.

Најголем чекор назад беше суспендирањето на работата на заедничката комисија со Македонија. На нивно барање работата е стопирана со мотив заради претстојните избори. Затоа ја создадовме оваа комисија – не го прифаќам аргументот работата да биде стопирана пред изборите – оваа комисија е составена од историчари, а не со политичари и никој не ѝ давал политички инструкции “, рече Захариева.