Бугарија секогаш доследно го поддржуваше пристапувањето не само на Македонија во ЕУ, туку и на Западен Балкан. Целата дипломатска служба и влада вложија огромни напори. Ако не го сакавме тоа, тогаш немаше да бидеме првата земја што ќе ја признае Македонија и немаше да склучиме Договор за пријателство и соработка и добрососедство, што, според сите европски и светски лидери, даде силен поттик за Преспанскиот договор, вели за БГНЕС шефицата на бугарската дипломатија.
Екатерина Захариева за агенцијата БГНЕС вели дека добрососедските односи и Договорот со Бугарија мора да се почитуваат.
„Во последниве години и повеќе од една година, сведоци сме на екстремно и систематско непочитување на овој договор. Не зборувам само за историската комисија. Има забелешки за напредокот на Коридорот 8, имаме случаи во кои се создаваат административни бариери за бугарските инвеститори, неподготвеноста на Македонија да се придржува до формулата за јазик во Договорот.
Заедничката историска комисија не работеше скоро една година. На Бугарија и се чини дека темпото не е доволно. Најголемиот проблем на Бугарија е што овие историски личности, за кои е постигнат договор, не се објавени во јавноста и… во учебниците, во музејските изложби бидејќи единствената цел е да се надмине јазикот на омраза. Нема начин да се постигне ова ако тие останат само на хартија во комисијата… вели Захариева за БГНЕС цво врска со вчерашните петчасовни преговори со Бујар Осмнани и со Никола Димитров во Берлин а кои се водат со посредство на Германија.





