„Захариева, шеќер мој“: Тасевски до шефицата на бугарската дипломатија „со јазикот на љубовта“

Актерот Сашо Тасевски во свој стил, „со јазикот на љубовта“, како што вели, јавно ѝ се обрати на бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева.



„Захариева… Шеќер мој. Морам да ти објаснам нешто со јазикот на љубовта. Него може подобро го познаваш, отколку оној на политиката.

Кога се додворуваш на девојка за да ти даде, не ѝ кажуваш колку е глупа, грда, лоша, колку погрешно размислува… Напротив, ја убедуваш дека е најдобра на свет, па ја лажеш колку ќе бидеш фин со неа, колку ја сакаш, па каде ќе ја шеташ ако бидете заедно… Не ѝ зборуваш дека на сила ќе ја земеш.

Исто е во политиката.

Сакавте да ви дадеме, да одиме во кревет со вас, а еден убав збор не чувме од вас. Ни кажувате колку сме грди, смешни, глупи, колку сме биле во заблуда… Дека ако треба со сила ќе не легнете.

И сакате да ви дадеме?

Дали сте нормални? Многу ја промашивте тактиката. Па вие во моментов сте последните со кои би оделе во кревет. Па дури и да сте последни, не ви даваме“, порача Тасевски на Фејсбук.