Денес, секој во Република с.Македонија кој се дефинира како граѓанин со бугарски корени е дискриминиран. Пред само три недели, неколку групи ги споделија личните податоци и адресите на таквите луѓе, од кои на некои им се закануваше бесење, вели бугарската вицепремиерка Екатерина Захариева во интервјуто за „Велт“.



На прашањето „Кој стои зад овие закани, Захариева со одговор:

„Ова се случува на Фејсбук, со учество на едем митрополит, односно Црквата. Ова се закани на кои државните институции мораа да одговорат затоа што станува збор за безбедноста на овие луѓе.

Но, тие реагираат само ако ги побараме од нив. Вие не треба да чекате во такви ситуации“, вели Захариева, пренесува БГНЕС .

Министерката за надворешни уште додава дека „и секој што изразува поинакво мислење од официјалното – дека треба да работиме заедно со Бугарија – исто така станува предмет на омраза.

„Ова му се случи на самиот премиер Зоран Заев“, вели Захариева според која „премиерот Заев беше силно критикуван откако ја кажа вистината во своето интервју за БГНЕС“.