Захариева: Самитот ЕУ-Западен Балкан на 17 мај ќе биде успешен

Бугарската вицепремиерка и министрка за надворешни  изјави дека досега од ниедна земја не добиле негативен одговор за учество за Самитот ЕУ-Западен Балкан кој треба да се одржи на 17 мај во Софија.



Ниту една земја не го откажа присуството, изјавила Екатерина Захариева за новинарите.

„Морам да кажам дека поддршката за овој состанок е многу голема“, рече Захариева. Според неа, подготовките се во тек и таа е убедена дека ова ќе биде успешен состанок.

Романија и Кипар неодамна најавија дека размислуваат да учествуваат на Самитот каде што „Косово се третира како држава и каде што на оваа земја ѝ се ветува на иднината за европска интеграција“, а шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно соопшти дека не сака да се појави на иста фотографија со косовскиот претседател Хашим Тачи.

Средбата на 28 земји-членки на блокот и шест држави од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Црна Гора и Србија – се смета за централен дел на бугарското претседателство со Советот на ЕУ.

Но, присуството на Косово е спорно за земјите-членки на ЕУ –  Кипар, Грција, Романија, Словачка и Шпанија – кои не ја признаваат независноста на Приштина и ја комплицираат подготовката на финалниот документ на самитот на 17-ти мај.

Шпанија, Кипар, Грција и Романија не се согласуваат завршниот документ на Самитот да се нарекува декларација и инсистираат само на  „заклучоци на бугарското претседателство“. Евентууално да биде декларација, но која ќе биде потпишана само од членките на ЕУ , но не и од шестте земји од Западен Балкан.