Захариева признава македонски идентитет по 1945-та

Министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, вели дека владата во Скопје се обидува да ја негира заедничката историја со Бугарија и оттаму билатералниот спор.



„Посебен македонски идентитет е формиран во првата половина на минатиот век. Бугарија го признава овој посебен идентитет на Македонија и ги поддржува европските интеграции.  Обичните национални херои, како Гоце Делчев, кој како Македонски-Бугарин се борел за независноста од Отоманската империја во 19 век, се претставува само како Македонец. Македонските верзии на познати бугарски песни и романи се препишани за да се избрише сè што е бугарско во нив“ тврди Захариева во наис за германскиот магазин „Theeuropean.de“,

Според неа „граѓаните од с. Македонија кои се чувствуваат како Бугари се вознемируваат и се казнуваат, а нивните адреси се откриваат на социјалните мрежи.

Ѕврдењето на Захариева доаѓа во ист момент кога министерот за надворешни работи, Бујар Османи, упати поддршка до шефицата на бугарската дипломатија за справување со аферата во која шест лица беа уапсени во Бугарија под обвиненија дека шпионирале во корист на Русија.

„Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудува сите малигни активности на територијата на Бугарија“, напиша Османи на Tвитер.