Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Македонија е избрзана, „бидејќи тие се уште немаат влада“, изјавила за БТВ Екатерина Захариева, пратеничка на ГЕРБ и поранешен министер за надворешни работи.
Според неа, и состанокот на бугарскиот Совет за национална кај претседателот (Радев) на тема ‘Северна Македонија’ бил непотребен.
Захариева изјавила дека Бугарија мора да инсистира на имплементација на договорот за добрососедство. Според договорот има голем број програми за имплементација.
„Не треба да престанеме да се обидуваме, но ова е меѓународен билатерален договор и мора да се спроведе од другата страна, рече Захариева.
Таа не очекува новости од посетата на премиерот Петков на Македонија.







