Министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, вели дека парламентарните избори покажачле дека БСП е најсилна политичка сила со извојувани победи во 24 изборни единици (и 75 пратенички места во парламентот -н.з.).
„Излегуваме од успешен мандат(…), во криза сме повеќе од една година и успеавме да ги исполниме ветувањата што ги поставивме во нашата изборна програма и во нашата програма за управување, така што покажавме дека можеме да управуваме земјата за време на криза“, вели таа за бТВ.
„Разговори со мене за да бидам премиер не се одржани“, вели Захариева според која Бугарија пак ќе има коалициона влада, пренесе БГНЕС.






