Бугарија повеќе од другите земји-членки на Европската унија и прекуокеанските земји сака Северна Македонија да стане членка на ЕУ, но нашата поддршка не е безусловна, изјави шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захарива во изјава за „БТВ“.
Таа вели дека не настојуваат сите во ЕУ Македонија да стане членка.
Таа вели дека Бугарија инсистира Македонија да го спроведе Договорот за соседство – да ја разбере историјата ,да се работи на патните врски, да нема говор на омраза.
Според вицепремиерката, два бугарски универзитети со години чекаат одобрување за отворање филијала.
Ја повика македонската владата да го спроведе Договорот за добрососедство..
,,Не треба да внесуваме нерешени прашања во ЕУ. Треба да бараме начин како да ги решавање, а не да се објаснуваме дека Бугарија бара нешто што никогаш не барала. Ајде повеќе да се фокусираме и да се сконцентрираме. Знам дека на Балканот е тешко да ги намалиме емоциите. Ние сме емотивни народи од двете страни. Не сите ја поддржуваат (Македонија), да бидеме искрени. Нема толкав ентузијазам токму утре некоја земја од Западен Балкан да стане членк на ЕУ. Кога ќе почнат преговорите, тогаш. , изјави бугарската шефица на дипломатијата






