Според екс министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева во спорот со Македонија има чекор назад во односите, наместо голем напредок.
„Ова не е прв пат да има сигнали од премиерот дека е подготвен на компромис без РСМ да направи нешто. Тој побара советодавна седница без да информира никого дали има некаков напредок кој може да се исполни и сака да ја пренесе одговорноста на претседателот на парламентот“, изјави за бугарска Нова поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка на ГЕРБ, Захариева.
Вели дека од потпишувањето на Договорот за добрососедство во 2017 година, секогаш имало заеднички иницијативи и прослави.
„Неговата имплементација е блиску до 0 од страна на РСМ. Не гледаме потреба да се свика седница за Македонија, но ако има, веројатно ќе учествуваме“, кажа таа.
За празникот Свети Кирил и Методиј немаше заедничко честување. Бугарија нема да го тргне ветото за Македонија. Бугарските власти не се обрзуваат на рокови. 





