Шефицата на бугарската дипломатија денеска го обвини Скопје дека води политика за оцрнување на Бугарија.



„Бугарската дипломатија не може да си дозволи да води политика на оцрнување на друга земја, што, за жал, ја гледаме во Скопје. Ние сме земја-членка на Европската унија“ изјави за Бугарската национална телевизија (БНТ) Екатерина Заариева.

Македонија ќе добие место во Европската унија кога ќе биде подготвена. Во моментов, Бугарија не смета дека е подготвена, додаде Захариева во пресрет на денешниот Совет за оптио работи на ЕС на кој долго се најавуваше дека ќе биде дадено „зелено светло“ за отворање преговарачка рамка за преговори на Македонија и ЕУ.

Захариева пак повтори дека „Бугарија продолжува да биде поддржувач на проширувањето на членството во ЕУ’ Но, според неа „властите во Скопје многу погрешно процениле дека Бугарија ќе биде ‘притисната’ да ја смени својата позиција“.

Вицепремиерката, помалку иронично, ја советува соседната земја да не се откажува од првата тешкотија со која се соочуваат на патот кон одобрувањето на Рамката за преговори.

„Тешкотиите допрва следуваат, процесот не е лесен. И Бугарија помина таков пат“, вели Захариева како што пренесе БГНЕС.

„Потоа, кога страстите ќе стивнат, вклучително и во Бугарија, и ќе почне да се размислува помалку емотивно, кога ќе престанат да се придржуваат кон градење држава заснована единствено на антибугарската идеологија – тогаш тие ќе добијат многу повеќе“ вели министерката.

Захариева денеска пред парламентот ќе одговара на пратенички прашања во врска со Македонија, откако минатиот петок нејзиното учество во парламентарната контрола беше одложено заради патување надвор од земјата..