Захариева: Македонија да ја признае историската реалност

Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега е потребно Република с Македонија да ја признае историската реалност поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет, порача денеска во Софија министерката за надворешни работи Екатерина Захариева на заедничката прес-конференција со шефот на македонската дипломатија Бујар Османи, пренесе БГНЕС.



Захариева потсети дека Бугарија прва ја призна независноста на Македонија и одамна ја препозна модерната политичка реалност. Секогаш ги поддржувавме независноста и државниот суверенитет на Република Северна Македонија и никогаш не сме имале територијални претензии ниту сме им го ускратувале правото на самоидентификација на нејзините  граѓани.

„Затоа е несоодветно да се предлагаат работи во спротивна насока, како меѓу граѓаните на нашите две земји така и на меѓународно ниво. Како што Бугарија ја призна современата политичка реалност, сега е потребно Република с Македонија да ја признае историската реалност поврзана со процесот на создавање на новиот национален идентитет“ – рече Захариева.

Бугарија, според Захариева, не сака ништо повеќе од исполнување на клаузулите во Договорот за добрососедство, како што е јазичната клаузула.

„Јазичната клаузула во нашиот договор сакаме да се рефлектира во сите документи меѓу двете страни. Немаме нови барања. Апелирам и се надевам дека проблемите нема да се создаваат онаму каде што ги нема“, рече Захариева.