Поранешната потпретседателка на Владата на Бугарија и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева е „крајно разочарана“ од вчерашниот настап на вицепремиерот на Македонија за европска интеграција Никола Димитров во Стразбур.
„Крајно сум разочаран од незадоволителните одговори на вицепремиерот на Република Северна Македонија, Никола Димитров, кој беше гостин на есенската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур и одговараше на прашањата на пратениците.
Само јас од бугарските делегати добив можност да поставувам прашања поради недостиг од време. Ако им се дадеше можност и на другите колеги од бугарската делегација, ќе беше јасно дека немаме никаква разлика во ова прашање.
Што го прашав Никола Димитров?
1. Што прави Владата на РСМ за надминување на негативниот тренд поврзан со притисок и дискриминација врз граѓаните на РСМ со бугарско потекло, изразена со закани, злосторства од омраза, посегања по луѓе и нивниот имот, како и говор на омраза од страна на нивните државни службеници?
2. Дали Владата во Скопје има намера да ја спроведе резолуцијата на Советот на Европа од 2006 година, со која се бара осуда на тоталитарните режими? РСМ е единствената земја со вакво минато што сè уште не го сторила тоа, а не обезбедила рехабилитација на жртвите на комунизмот. Дали неговата влада има намера јавно да ги отвори архивите со досиејата на поранешната тајна служба?
Одговорот на првото прашање му беше дека немало дискриминација на Бугарите. А на второто не слушнав никаков коментар.
На колегите од ПССЕ им кажав дека Бугарија продолжува да ја поддржува Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон Европската унија за исполнување на потребните услови. Еден од нив е почитувањето на човековите права на сите граѓани на оваа земја, вклучувајќи ги и оние кои се идентификуваат како Бугари“, прокоментира Захариева на Фејсбук.






