Поренешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева, обвинува дека Кабинетот на премиерот Кирил Петков води двојна надворешна политика, а бугарското МНР било исклучено од разговорите меѓу премиерот и неговите колеги од Македонија.
„Очигледно, Кирил Петков, се заложил да го тргне ветото без (Македонија н.з.) да ги исполни обврските“ изјави за БНТ го изјави сегашната пратеничката на ГЕРБ, Захариева.
На прашањето дали како министерка направила се’ за да го објасни ставот на Бугарија во спорот со Скопје , Захариева одговори потврдно.
„Жал ми е што некои од бугарските политичари се фаќаат за пропагандата на РСМ. Бугарија не можеше да објасни – напротив!
Не треба да личиме на ситен историски реваншист. Тие тоа го сакаат. Проблемот не е само во апсолутно „скришно“ читање на историјата, проблемот е што создава омраза кон соседна земја и земја која претендира да биде членка на ЕУ во 21 век, а не ги почитува нормалните човекови права“, рече Захариева. .
Бугарија мора да зборува во ист глас со своите европски партнери, често повикуваше премиерот, потсети Захариева и ја повика владата прво да научи да зборува со еден глас во коалицијата.






