На официјалната ФБ страница на бугарското МНР, вчера се појави објава со вчерашна изјава на вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров во која тој тврди дека „во март, решението на ЕУ за започнување на преговори беше безусловно“.
„Вистина ли е тоа“, прашуваат од бугарското МНР и потсетуваат на вистинската и целосна одлука на ЕУ, а не онаа која Димитров ја пласирал за домашната јавност.
„Добрососедските односи и регионалната соработка продолжуваат да бидат клучни елементи на процесот на проширување, како и на процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување во добра намера на билатерални договори, вклучително и Договорот од Преспа со Грција и Договорот за добрососедски односи со Бугарија, како дел од процесот на проширување.“







