По вчераната средба со министерот за надворешни работи на Македонија, Бујар Османи, шефицата на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева,утрово рече дека зборувале за идните средби на историската комисија и за тоа дека мора да се работи на нерешените прашања меѓу двете земји.



Беше категорична дека ниту една земја членка на Европската унија, ниту пак САД ниту досега ниту во иднина не смеат да и кажат и да ја притиснат Бугарија да попушти и да дозволи пристапни разговори за Македонија со ЕУ, ако таква одлука не донесе Бугарија.

„Тие треба да разберат дека Европската унија не функционира како Југославија. Никој не може нас да ни наложи што да правиме во Унијата, рече Захариева.