Захариева: Да не ги изневериме македонските Бугари

Македонските Бугари повикуваат да се одржи националното единство по нивното прашање и да не бидат предадени од властите во Софија.



Ова во интервју за БГНЕС го изјави Екатерина Захариева, заменик-претседател на Комисијата за надворешни работи и поранешен министер за надворешни работи (2017-2021).

Претставниците на македонските Бугари, предводени од лидерот на партијата Граѓанско-демократски сојуз Петар Колев, денеска се сретнаа со претставници на ГЕРБ.

„Јас сум во постојан контакт со македонските Бугари и нивните организации. Тие ги повикуваат бугарските партии да го зачуваат националното единство по нивната тема и да не ги изневеруваат.

Се надевам дека нивните зборови ќе ги слушнат и другите политички сили. Македонските Бугари велат ‘ако не не разберат во Софија, каде на друго место ќе не разберат’. Најважно од оваа средба беше нивниот повик да се продолжи политиката што владата на ГЕРБ ја започна во однос на РС Македонија, во однос на правата на македонските Бугари“, вели Захариева.

Според неа проблемот во односите со Скопје не е во минатото, туку во сегашноста и нејзиниот став го делат и Бугарите во РСМ.

„Македонската пропаганда организирано и намерно се обидува да ја измами и нивната јавност и нашата – фала богу неуспешно, – и нашите западни партнери. Во Скопје тотално се обидуваат да го префрлат проблемот, а тоа е дека тие граѓани (македонските бугари – н.з.) немаат основни човекови права, дека не можат да почнат да работат во државната администрација, дека се навредуваат, дека им се закануваат, дека нивните деца учат дека нивните татковци, дедовци и баби се татари, нацисти и окупатори. Тоа е проблемот и е во сегашноста“, вели екс-министерката..