Захариева беседи за Тито, молчи за врската на шефот Борисов со диктаторот Живков

Бугарската министерка за надворешни работи Екатерина Захариева самата влезе во замка кога како аргумент за македонската блокада за ЕУ го извади Тито.



Ако зборува за југословенскиот претседател Захариева ќе мора да проговори и за бугарскиот претседател и диктатор Тодор Живков кој беше современик на Тито.

Захариева ќе треба да го праша за односот кон комунистичките лидери својот владин шеф, премиерот Бојко Борисов кој тврди дека во животот завршил два Универзитети.

Едниот животен универзитет на Борисов според негова лична изјава е соработката со Царот Симеон Саксобурготски а другото училиште на животот му е дружбата со комунистичкиот диктатор Тодор Живков кому долги години му бил личен телохранител.

Ако Захариева сака да зборува за Тито, Сталин, Русија и комунизмот како македонската пречка за влез во ЕУ ќе треба да го праша шефот Борисов дали се откажува од рускиот вазал Живков кој со децении ја водеше една од најстрогите диктатури меѓу земјите зад “железната завеса”.

Или Захариева ќе треба да молчи и за Тито.

Тито и одговори на Захариева: Инсинуираат и клеветат против Македонија (ВИДЕО)

Последна вест

Додека Бојко, Красимир и Екатерина не блокираат, за Јордан сме добар пример https://www.expres.mk/legendarniot-lechkov-machno-mi-e-videte-kade-igraat-makedoncite-a-kade-nashite/