Откако во Хрватска е прогласена неделата за неработен ден, огромното мнозинство на продавници и трговски центри се затворени.
Што се однесува до дуќаните, отворени се само неколку, а трговските центри се претежно затворени и отворени се само угостителските објекти во нив.
Работат само неколку пекари.
Редици се формираат пред неколку дуќани и пекари кои работат од рано утрото. На автобуската станица во Загреб има редици за пекарата Дубравица… (Индекс.хр)