Татко во Загреб, изминатата ноќ некаде по полноќ, ги задушил своите три деца – близнаци на седумгодишна возраст и син на четиригодишна возраст.
Потоа се застрелал во обид да се самоубие, но преживеал, јавуваат хрватски медиуми.
Родителите на децата, наводно биле разведени, а таткото е искусен финансиски консултант кој работел за неколку реномирани австриски компании.
Полицијата за Индекс потврди дека се убиени три лица, но засега не соопштува деталите за убиството и мотивите.







