Маж (41) доцна синоќа во Загреб со секира ги нападнал поранешната сопруга (41) и детето (1,5), а потоа побегнал.
Од здобиените повреди детето починало во болница во Загреб. Напаѓачот побегнал и завршил на обиколницата, каде на него налетало возило и го усмртило на лице место.Индекс.хр
Како што се дознава, напаѓачот со автомобил побегнал од местото на несреќата.
Потоа направил неколку сообраќајни несреќи и излегол од автомобилот и бегал по обиколницата, каде завршил под тркалата на камион.
Индекс јавува дека сопругата е во тешка состојба.






