Во Загреб денеска се одржа масовен протест против потврдите за ковид и епидемиолошките мерки, на кој учествуваа околу 15.000 луѓе, кои барааи укинување на задолжителните потврди за ковид, кои се во сила во Хрватска во секторите за здравство и социјални услуги, како и во јавните и државните институции.



Полиција соопшти дека денешниот протест во Загреб не е пријавен и дека ќе ги снима учесниците на собирот, пренесе Индекс.хр..

Во пресрет на протестот, дел од демонстрантите ги искажаа своите барања за укинување а ковид потврдите, тврдејќи дека граѓаните кои немаат потврда се противуставно и незаконски исклучени од општествениот живот и им се оневозможува пристап до работа, студирање и основното уставно право на работа.

„Наша граѓанска должност е да се спротивставиме на дискриминацијата на секој човек, да се спротивставиме на општествените поделби и користењето на оваа дискриминаторска потврда како основа за тоа”, се вели во соопштението потпишано од граѓани, учесници на „Белиот тивок марш”.