Силно невреме ги погоди западна Хрватска и Загреб синоќа околу 21 часот и предизвика големи поплави во центарот на главниот град.
Бројни автомобили беа заробени под вода или целосно потопени, беа поплавени подруми и семејни куќи, продавници, кафулиња …
Пожарникарите и службите за итни случаи извршија повеќе од сто интервенции, а поради илјадниците повици од граѓаните, сите линии (193) беа зафатени во текот на вечерта. (Индекс.хр)





