„До импресивната зграда на Македонската опера и балет од 1979 година во самиот центар на градот, Скопје собра сили и изгради нова зграда на својата филхармонија. Хрватската метропола за тоа може само да сонува“, пишува хрватскиот весник „Вечерњи лист“ во поднасловот на написот насловен „Зошто Скопје, Будимпешта и Белград можат да се градат нови театри, Загреб не може?“.
„Скопје собра сили (и 37 милиони евра) и на својата филхармонија во 2017 година ѝ изгради зграда која однадвор изгледа прилично импресивно и достоинствено, но и современо. А има и две сали, од кои онаа поголемата може да прими илјада луѓе. Загреб за градењето посебна зграда за својата Загрепска филхармонија може само да сонува. И да се буди од соништата во пот. Очигледно, Македонија може, а Хрватска не може“, се вели во текстот.






