Во Загреб конечно почнува промена на називи на улиците кои ги носат имињата на функционери на некогашната Независна држава Хрватска (НДХ), пренесува Индекс.хр.



Пред неколку дена до Градското собрание бил испратен предлог за промена на имињата на четири улици.

Станува збор за улиците Филип Лукас, Владимир Арк, Антун Бонифачиќ и Архиепископот Иван Шариќ.

Светскиот еврејски конгрес веќе предупреди дека „еден од најконкретните и највидливите примери на историски ревизионизам на јавниот простор е токму именувањето на улиците и плоштадите по поединци кои на различни начини и во различни капацитети биле поврзани со усташкото движење и НДХ“.