Како дополнителна алатка во борбата против комарците, Градот Загреб наскоро за прв пат ќе пушти 100.000 стерилни мажјаци – увезени од Италија.



„Што значи дека ако се побројни, тие ќе ги оплодат женките, кои потоа ќе произведат јајца кои нема да доведат до потомство и на овој начин биолошки би го намалиле бројот на тигрести комарци присутни во една област“, ​​вели Ана Клобучар од Заводот за јавно сравство, пренесе Индекс.хр

Градот Загреб годинава одвои 384.000 евра за борба против комарците. Дел од овие средства се наменети и за едукација на граѓаните.