Заговараше поделба а сега тврди дека Македонија работи против себе и наскоро ќе ја нема

Mакедонија работи против себе!, тврди екс советникот на Зоран Заев и на Владо Бучковски Мерсел Биљали кој пред еден месец зборуваше за поделба меѓу Македонците и Албанците а сега најавува дека Македонија ќе ја нема.



Во колумна за Плусинфо Биљали вели дека со промената на името, Северна Македонија брзо стана полноправна членка на НАТО што е историски чекор во полза на надворешната и внатрешната стабилност на оваа земја.

Според него отпорот на Македонците да ја прифатат Бугаризацијата која ја наметнува Софија преку власта на СДСМ и ДУИ е поврзана со Русија и некакво руско влијание во земјата за кое тој нема ниту еден аргумент.

,,Договорот од Преспа и Договорот со Бугарија директно значеа брзо отворање кон иднината, но последниот документ дополнително беше проблематизиран од страна на Бугарија, а со помош на проруските структури во Македонија. Тие, во име на заштитата на македонскиот идентитет, директно работеа за руските проекти за дестабилизација на регионот.

Што е најчудно, во тие тајни руски проекти за прекројување на државните граници, Македонија ја нема на мапата. Веројатно Русите мислат дека таа треба да се подели меѓу соседите! Оттука, фрлањето дрвја и камења кон Бугарија, колку и да е тоа оправдано со оглед на нејзиниот непринципиелен пристап кон македонската нација, сепак ја помага политиката на самоуништувањето. Секој што нешто разбира политика, добро знае дека во природното друштво Русија, Србија и Бугарија, Македонија може да служи само како вкусен десерт!

За жал, во ваквиот опасен проект за докрајчење на Македонија, свесно или несвесно како најголем „сојузник“ се наметнува најголемата опозициона партија. Таа партија добро знае дека за полесно да владеете со луѓето, подобро е да ги користите нивните маани отколку нивните доблести. Оти, често обичните луѓе повеќе преферираат сто радосни лаги отколку една тажна вистина! Закочите уставни измени се главен адут на кој силно се аплаудира во Москва.

Наместо отворањето на тие бугарски културни клубови кај нас да се користи за дискредитација на бугарската политика кон нашата држава, тие цело време трубат за бугаризација на македонската нација, што сама по себе е многу навредливо првенствено за сопствената нација – оти таа не поседувала доволен стабилен идентитетски капацитет! Личностите како Ванчо Михајлов и цар Борис Трети се како „кец на десетка“ во полза на паметната македонска политика. Луѓе што соработувале со нацизмот при уништување на македонските Евреи се главни адути за негирање на македонската нација! Нема поголема бугарска авто-дискредитација од тоа.

Но, наместо да го користат тоа, некои се нафатија да блокираат Бугарите да влезат во Уставот, со што прават нивната терапија да биде многу поопасна од болеста за државата!”,

Што пишуваше Биљали пред еден месец за поделбата меѓу Македонците и Албанците:

На Биљали не му е прв пат да заговара поделба на Македонија

Целата колумна на Биљали за Плусинфо