Пропагандниот спот објавен од министерката за одбрана Радмила Шеќеринска во кој се игра мал фудбал во чест на загинатите бранители со дресови со С. Македонија е навредлив сметаат бранители.
“Ниту ние преживеаните се боревме за Северна ниту тие што загинаа ќе го прифатеа злосторот со името поради кој сега се превртуваат во гробовите. Не се боревме за Северна туку како и сите пред нас само за Македонија “, вели за expres.mk учесник во конфликтот во 2001 година.
Се сеќаваме на нашите загинати бранители. Денес имав чест да го отворам Меморијалниот турнир во мал фудбал кој се игра секоја година во спомен на нив. pic.twitter.com/VoUObA8VDr
— Радмила Шекеринска (@Sekerinska) November 14, 2019





