Денеска во Португалија трагично почина Оливер Антиќ, српскиот амбасадор во Португалија.
Според португалските медиуми, Антиќ, кој бил во работна посета на општината Каскаис, во еден момент побарал од својот возач да застане и наводно скокнал од карпа во морето откако излегол од автомобилот, објави српски Курир..
Колегите кои биле во неговото друштво веднаш повикале помош околу 13.24 часот, а поморската полиција и противпожарната бригада на Есторил успеале да го извлечат од водата амбасадорот Антиќ додека бил жив.
И покрај обидите да го реанимираат, Антиќ почина.
Портпаролот на противпожарната бригада не ги коментирал околностите на несреќата, само рекол дека службите за брза помош притрчале на местото околу 13 часот и 30 минути и го нашле 72-годишниот Оливер Антиќ жив, но тешко повреден.
Лекарите се обиделе да го спасат, но тој починал набргу потоа, изјави портпаролот.
Антиќ е роден во Белград, а студирал право и почнал да работи како универзитетски професор во 1975 година. Меѓу другото, работел и како советник на српскиот претседател.






