Рускиот министер за вонредни ситуации, Евгениј Зиничев, трагично загинал, јавуваат светските медиуми.
Според првите информации, тој загинал спасувајќи човечки живот за време на вежби на Арктикот, пренесува Дејли мејл.
Информацијата ја потврдил и портпаролот на официјален Кремљ, Дмитриј Песков.
Според извештаите, 55 -годишниот армиски генерал, за кого се веруваше дека е можен наследник на Путин, паднал од карпа обидувајќи се да спаси снимател кој паднал во ледена вода.
Починал и камерманот, дознава Дејли мејл.*
Министерството за вонредни состојби с*оопшти: „Со тага информираме дека додека беше на должност спасувајќи живот на едно лице во Норилск за време на меѓуагенциските вежби за заштита на арктичката зона од итни случаи … Евгениј Зиничев трагично загина“.






