Во тешка сообраќајна несреќа на магистралниот пат А3 Брегана-Липовац, загина едно лице, а уште еден е повреден, јавуваат хрватските медиуми.
Од Томислав Ковачевиќ, полициски службеник за односи со јавноста на СВР Брод-Посавина, се дознава дека починатиот (51) бил државјанин на Македонија, кој бил сопатник во автомобил со италијански регистарски таблички.
Другиот патник, кој е повреден во несреќата, исто така е македонски државјанин, а се наоѓал во автомобил кој излетал од патот.






