Загина девојка од Албанија на автопатот во близина на Ласкарци

Патничко моторно возило „ауди” со албански национални ознаки, управувано од В.М.(40) од Република Албанија, вчера излетало од коловозот, на автопатот во атарот на село Ласкарци, информираше МВР.



„Од здобиените повреди во несреќата на местото починала сопатничката Е.Т.(24) од Република Албанија, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Возачот В.М. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Комплексот клиники ‘Мајка Тереза’.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје“, наведено е во полицискиот билтен.