Заевизмот е ментална матрица, вели Силјановска

На денешната Конвенција на ВМРО-ДПМНЕ на која се одлучува кој од 9 пријавени ќе биде кандидата на оваа партија за претседател на државата, професорката Гордана Силјановска се осврна и на сегашната влада на чело со премиерот Зоран заев.



„Заевизмот не е само авторитаризам, заевизмот е ментална матрица: Кажувам, заборавам, негирам. За жал од таа болест се инфицираа мнозина“, рече Силјановска.

Зе нејзината одлука да влезе во трка за претседател како кандидат на ВМРО-ДМПНЕ, професорката вели:

„Тоа што сум денеска тука го покажува реформскиот и демократски капацитет на ВМРО-ДПМНЕ да отвори порта на еден натпартиски кандидат. Не е доволно само да се нарекувате реформска партија, туку треба да посегате по истите. Во 2001 година ни се вкрстија патиштата со ВМРО-ДПМНЕ, потоа во Струга во 2004, потоа за Преспанскиот договор и на крај за Законот за јазици – посочи кандидатката за претседател на Македонија, Гордана Силјановска, која денеска ја бара поддршката од делегатите на Конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.