Заев зборува за “пуст” датум и “пусто” партиско его

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска објаснува дека изборите не биле потребни за да се смени Наќе Чулев како што рече пред десетина дена тку за да сме имале наесен подготвени институции.



“Изборите се итно потребни за нашата држава и нашиот народ, за подобро справување со здравствената и економската криза, за да ја дочекаме есента со целосно подготвени институции.

Затоа ни требаат изборите што поскоро – не заради пуст датум или заради пусто партиско его”, пишува Заев во своето обраќање откако вчера му пропадна уште еден датум за избори.

На вчерашната средба со Мицкоски кај претседателот Пендаровски Заев откако предходно се откажа од 17 и 21 јуни и 5 јули официјално го предложил 8 јули.

На средбата немало договор за датум за изборите.