Заев заминува, кој ќе биде технички премиер?

Техничката влада, на чело со технички премиер од редовите на СДСМ, би требало да биде избрана на 3 јануари или сто дена пред изборите на 12 април.



Најавите дека Заев заминува од владата во јануари се толкуваат како потврда дека парламентарните избори ќе се одржат во терминот што беше договорен на средбата кај претседателот Стево Пендаровски, веднаш по француското „не“ на Европскиот самит во Брисел.

Иако на Заев, практично, му остануваат уште три до четири седмици на премиерската функција, во СДСМ сѐ  уште не донеле формална одлука кој ќе биде негов наследник на „Илинденска“ во предизборниот период. Таа одлука се очекува кон крајот на овој месец.

Тогаш ќе биде соопштено и кои ќе бидат дополнителните заменик-министри на СДСМ во министерствата за внатрешни работи и за труд и социјална политика, каде што министрите ќе бидат кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

Досегашните министри Оливер Спасовски и Мила Царовска, кои се и потпретседатели на СДСМ, истио така ќе треба да заминат од функциите.

Не се исклучува можност еден од нив да биде технички премиер, пишува Плусинфо.